Се рушат рекорди: SEAT со најголема заработувачка во својата историја

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата SEAT објави информации за минатата календарска година, а бројките велат дека заработката била зголемена за 24,8 проценти и дека е достигнато рекордно ниво во историјата на компанијата од 191 милиони евра (претходно во 2016 година беше 153 милиони).

Од фирмата од Шпанија споделуваат и информација од компанијата мајка, Volkswagen Group, дека приходот за минатата година достигнал исто така рекордно ниво од 9,892 милијарди евра што е зголемување за 11,2 проценти во однос на претходната година.

Главниот „виновник“ за подобрувањето на SEAT во пазарните позиции во минатата година е зголемувањето на продажбата. Барањето на продукти од марката во 2017 година достигнало ниво од 468.400 автомобили што е за 14,6 проценти повеќе во споредба со претходната година и е најдоброто годишно постигнување од 2001 година наваму.

„Сите членови на SEAT можат да бидат горди на овие резултати. Многу сме задоволни од постигнувањето на најдобрите резултати во историјата на компанијата и во исто време целиме кон тоа да продолжиме да го шириме нашиот бизнис и понатаму“, вели претседателот на SEA, Лука де Мео.

Инаку, SEAT уште на стартот на 2018 година забележа пораст од 20,4 проценти на продажбата на возилата. Само во јануари се продадени 38.900 возила на глобално ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK