Се чека новата генерација на Renault Clio

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Clio кој е на пазарот од 2012 година со што е еден од најстарите модели во својата категорија до крајот на годинава ќе добија нова генерација. Се очекува Renault за место на светска премиера на новото Clio да го одбере домашниот саем за автомобили кој во француската престолнина се одржува во септември. За продажба ќе се почека бидејќи на пазарот ќе се најде на почетокот на 2019 година.

Новиот Clio ќе еволуира од актуелната четврта генерација со дизајн кој е инспириран од новиот Renault Megan и концептот Symbioz.

Clio 5 ќе биде заснован на CMF-B механичка платформа која ја користи и новата Nissan Micra, а моторизацијата ќе опфати трицилиндарски 0.9 литарски турбо бензинец, како и нов четирицилиндарски 1,3 литарски бензински мотор со турбо полнач.

Во моментов е неизвесно дали Renault воопшто ќе им понуди на купувачите дизел мотори во овој модел со оглед на тоа што автомобилската индустрија под притисок на властите во многу земји се одалечува од овие врсти на погонски агрегати.

Од друга страна ќе има таканаречен „благ хибриден погон“, кој покрај бензинскиот мотор ќе користи и 48-волтен електричен систем со цел смалување на потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK