Rolls-Royce Cullinan добива хибриден погон

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на 10 мај годинава Rolls-Royce го претстави новиот Cullinan, биртанскиот производител објави дека овој SUV ќе биде достапен и со хибриден погон.

Стандардниот модел под хаубата располага со 6.75 литарскиот V12 мотор кој впрочем е и составен дел од понудата кај Phantom. Со овој агрегат, Cullinan располага со 563 КС што секако дека е импресивна бројка. Сепак хибридниот погон обезбедува уште поимпресивни бројки во поглед на моќноста. Така, хибридниот Cullinan покрај тоа што ќе има поголема „коњажа“, побрзо ќе забрзува до 100 км/ч, а најголемата брзина ќе биде ограничена на 250 км/ч.

Останува непознат точниот датум на лансирање на хибридната изведба, а неофицијално се дознава дека тоа ќе се случи на крајот на следната, но не подоцна од првиот квартал 2020 година.

Со ова, британскиот произодител кој функционира во рамките на BMW Групацијата, ја збогатува својата понуда, а со самото тоа и конкурентноста во однос на Lamborghini Urus и Bentley Bentayga.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK