Радикални промени на дизајнот на Kia и Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motors дојде до заклучок дека актуелниот дизајн на возилата од Kia и Hyundai е многу здодевен и веќе се размислува за промена и тоа речиси од корен. Задачата за да го измени изгледот на возилата ја доби Белгиецот Лук Донкерволке, кој е познат по култните автомобили како Lamborghini Murcielago и Bentley Bentayga. Сега е во нова мисија и ќе треба целосно да направи промена во дизајнот на автомобилите од Кореја.

Се очекува при крајот на оваа година или на почетокот на следната тој заедно со својата екипа да ги покаже новите идеи. Засега не појаснува на што точно ќе ги насочи главните промени, но вели дека тие се ориентирани кон определени клиенти и рзлични класи автомобили, но нема да се со сличен дизајн како досега.