R.I.P. – Кои модели годинава заминаа во легендите

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на нови автомобили што доаѓаа на пазарот постојано се зголемува. Што нови, што наследници на веќе постоечки модели. Но, годинава некои од оние возила што ги среќаваме на патиштата нема да добијат наследници, или компаниите едноставно решиле да не ги произведуваат.

Доколку имате некој од овие модели, и го сочувате во добра кондиција за некоја година, или деценија же вреди неколкукратно повеќе од она што сега може да добиете за него. Само треба да издржите.

„Најмлад“ меѓу пензионерите е моделот Dodge Viper, кој што после само четири години престанува да се произведува, а со него во историјата веројатно заминува и 8,4 литарскиот V10 мотор со 640 КС. Една од причините е слабата заинтересираност на купувачите, кои повеќе се наклонети кон конкурентскиот модел Chevrolet Corvette, а другата причина е високата цена од над 100.000 долари.

Меѓу „легендите“ е и Cadilac ELR, хибриден модел кој н апазарот опстана само три години. Го плати данокот на превисока цена (75.000 долари), а дури и намалувањето од 10.000 долари н едонесе резултати. во текот на 20014 и 2015 година се продадени само околу 1.400 вакви возила.

Еве кои модели од наредната година повеќе ќе ги нема во понудата.

Aston Martin DB9 (2004-20160
BMW Z4 (2002 – 2016)
Cadillac ELR (2013-2016)
Dodge Viper (2012-2016)
Honda CR-Z (2010-2016)
Hyundai Genesis Coupe (2008-2016)
Jeep Patriot (2006-2016)
Volkswagen Eos (2006-2015)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK