Продал ист автомобил на 80 луѓе и заработил 8,5 милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

Светот е полн со измамници кои се доста иновативни во начините за брза заработка. Последниот таков случај доаѓа од Турција и е поврзана со наставник кој успеал да измами 80 луѓе продавајќи им еден ист автомобил.

Како што пренесува најтиражниот турски весник Хуријет, наставникот со име Емре ги носел во заблуда измамените со тоа што се претставувал како препродавач на автомобили кои ги добивал преку аукција на државни автомобили. Според весникот, тој им кажувал дека на аукцијата автомобилите ги купувал за нешто над 4 илјади евра, далеку под пазарната вредност.

Со ниската цена по која ги препродавал автомобилите предизвикал голем интерес, а еден од измамените дури му платил 170 илјади евра купувајќи 23 автомобили. Овој купувач автомобилите ги чекал десет месеци, додека на другите измамени овој наставник им покажувал еден ист автомобил.

Емре со оваа измама се збогатил за речиси 8.5 милиони евра. Сепак радоста на Емре не траела многу бидејќи истиот е лишен од слобода и сега му се заканува долг период на казна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK