Porsche со купе изведба на Cayenne до крајот на годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Porsche планира да лансира купе изведба на Cayenne до крајот на оваа година. Оваа вест ја објави германскиот магазин Autobild кој објави дека официјално оваа вест се очекува германскиот производител да ја потврди кон крајот на следниот месец кога возилото ќе влезе во фаза на тестирање.

Оттука засега сите информации се на нив на шпекулации, но добро упатениот германски авто магазин напиша дека светската премиера ќе се случи на саемот во Париз во октомври годинава.

Со овој модел Porsche ќе им парира на конкурентите BMW X6 и Mercedes-Benz GLE Coupe и ќе се обиде да добие што е можно повеќе од овој пазарен сегмент, каде VW групацијата и не може да се пофали со многу добри продажни резултати.

Инаку Аutobild пишува и дека Porsche работи на електрична изведба на Macan кој како целосно електричен автомобил треба да се појави не подоцна од 2022 година, а тимот за развој работи и на новото Porsche 928.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK