Популарната “Буба” се враќа во живот – со 5 врати!?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во изминатите 5-6 месеци се појавија бројни контрадикторни шпекулации околу иднината на популарната Буба, последните пишувања на Autocar говорат дека Volkswagen интензивно работи на новата генерација на најпродаваниот германски автомобил.

Како што наведува изворот, VW во моментот го развива концептуалниот модел според кој новата Буба ќе добие изведба со пет врати. Тоа значи дека во основата најверојатно ќе се темели на MEB платформата, платформа која ќе се користи кај идните моделите од Volskwagen групацијата како што се Skoda Vision E, Volkswagen ID, Volskwagen ID Crozz, Volskwagen ID Buzz…

Оттука доаѓа и неопходното поголемо меѓуоскино растојание која ќе овозможи четири односно пет врати, а со тоа и поголема комфорност во внатрешноста која исто така ќе ја следи новата дизајнерска филозофија која VW веќе ја аплицира на идните концептуални модели. Autocar наведува дека сепак кај новата Буба ќе бидат задржани некои ретро елементи кои во контраст со модерната технологија и други истакнати детали ќе има за цел овој автомобил да стане вистински градски заводник.

Клаус Бишоф, одговорен во центарот за дизајн на VW сепак потенцира дека новиот проект за Буба е во многу рана фаза, па оттука се очекува овој модел да биде пазарно лансиран по сите досега најавени автомобили кои ќе се темелат на MEB платформата односно новата генерација се очекува да пристигне во 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK