Патриотизам: Политичар бара колегите да возат Lada Vesta Signature

ОБЈАВЕНО НА:

Заменикот претседател на руската Дума, Василиј Власов на свои неполни 23 години веќе има завидна кариера во политичкиот живот во Русија, а член е на Либерално-демократската партија на Владимир Жириновски. Власов се најде на насловните страни на неколку весници откако достави барање до Министерството за индустрија и трговија на Русија. Тој побара да им се нареди на државните институции за службен автомобил да го одберат возилото Lada Vesta Signature.

Тоа е лимузина која од стандардната Vesta се разликува по 25 сантиметри подолгото меѓуосовинско растојание, а вишокот простор е потрошен на комотните задни седишта уредени по примерот на луксузните ВИП лимузини.

Lada Vesta Signature има 1,6 литарски бензин мотор со 122 коњски сили, кој има и автоматски петостепен менувач. Од фабриката AvtoVAZ соопштија дека е направен и дополнителен напор за смалување на вибрациите и вревата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK