Ова е новиот автобус од соништата (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Simba, која во Велика Британија е позната по производство на душеци престави голем проект и тоа на автобус со спални места со име Sibma. На овој начин мајсторите за правење душеци ќе влезат во сосема нов бизнис.

Целта е да се претстави навистина уникатен концепт за комфор за време на патувањата, а автобусот со спални би требало да го добие името Snoozeliner.

Салонот на автобусот е разделен на купеа со едно место во кои се инсталирани специјални душеци Simba со памет. Секое купе е одделено со премин со подвижни решетки, а внатре во нив има индивидуално осветлување и вентилација. Предвидено е да има и златеста светлина за добар сон и ароматизатор со можност за избор на мирис.

На располагање на патниците ќе им биде и Wi-Fi и места за полнење со USB. Патниците ќе имаат можност да користат и бесплатни напитоци како кафе, минерална вода и различни овошни коктели.

Првите автобуси Snoozeliner ќе работат меѓу на релација меѓу четири града во Англија, а пуштањето на оваа транспортна услугае предвидено за наесен годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK