Новитет во Финска: „Умен“ систем за проверка на шарите на гумите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамки на проектот за помош на воазчот, компанијата Nokian инсталираше бесплатни длабински инспекциски системи во Финска. Се работи за системот кој се нарекува SnapSkan, а неговите единици се инсталирани на големите паркинзи, но и на бензинските пумпи.

Системот SnapSkan претставува „умна“ рампа, а при качувањето на неа прво се активираат сензорите за тежина, по што следува вклучувањето и на 3D-сензорот со мерење на длабочина на шарите на сите четири гуми. Ако нешто не одговара тогаш уредот го известува возачот.

За да се користи уредот за бесплатно тестирање на гумите треба да се има инсталирано апликација за умни телефни или да се направи регистрација на посебна страна. Со давањето на податоци за возилото, учесникот во програмата може да ја измери длабочината на шарите на гумите на својот автомобил и да добие значително намалување кога ќе купува нови гуми од производителот.

Првиот прототип на системот SnapSkan бил пробно монтиран на повеќекатна гаража во Хелсинки. Дури 80 проценти од оние кои ја користеле услугата ја сметаат за многу ефективна. Добивајќи ја таа поддршка Nokian опреми уште четири паркинзи со истиот систем.

Следната земја која ќе го следи овој пример на Финска би требало да биде Норвешка, а таму во најскоро време ќе дојде до монтирање на системот за проверка на длабочината на шарите на гумите.