Новитет: Крадат навигација преку покрив (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на возилата BMW од Холандија се жалат на исклучително брутални кражби на инфоzабавниte системи, проследени со огромни штети по автомобилите. За да дојдат до фабричкиот аларм, крадците прават дупка на кровот на автомобилот и го оневозможуваат сензорот.

Сопственикот на ова баварско возило се жали дека пред „акцијата“ крадците го прекинале напојувањето на уличните светла во близина на автомобилот за да можат да дејствуваат без проблеми.

Во некои случаи штетите по автомобилите се толку сериозни, што ремонт е невозможен и осигурениците претпочитаат да запишат целосна штета. Според дилерите од Холандија на возилата BMW информациско-забавните системи биле толку барана роба што понекогаш немало на залиха ниту во централниот склад на компанијата во Минхен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK