Нов лик и многу изненадувања во новата Lada Niva

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Lada Niva, кое треба да добие нов лик, ќе донесе неколку новитети, а веќе е јасно и дека ќе премине на француска платформа од Renault-Nissan. Ова беше објавено од страна на претседателот на компанијата, Никола Мор, а тој вели дека новата Lada Niva, која е позната и како Lada 4×4 ќе се изработува на модулната платформа CMFB-LS.

Во текот на ова лето ќе биде завршена и модернизацијата на платформата, која ќе се користи само за Niva. На тој начин ова руско возило има нова задача, а таа е да се претвори во глобален автомобил.

Што се однесува до изгледот, возилото ќе биде далеку помодерно од претходно, но во исто време и ќе се распознава. Во однос на самата платформа CMF-B, таа вложува во новата генерација на Dacia Duster, како и во Renault Kadjar, Nissan Qashqai и Nissan X-Trail.

Општата база ќе дозволи драстично поевтинување на производството. Иако се работи за општа платформа таа дозволува монтирање на различни модули како моторен отсек, преден кокпит, ентериер, електрични модули и друго.