Nissan го освојува кинескиот пазар: Ќе се воведуваат 40 нови модели

ОБЈАВЕНО НА:

Во следните четири години компанијата  Dongfeng Motor, која е спој од кинеската Dongfeng Group и Nissan Motor, планира да инвестира вкупно 9,5 милијарди американски долари за да ја зголеми својата продажба од 1 милиони на 2,6 милиони возила.

Минатогодишниот продажен резултат од 1,52 милиони автомобили беше причина да се тргне со планот DFL TRIPLE ONE за следните години. Воедно целта која си ја имаат поставено во Dongfeng Motor  е да стане една од трите најголеми автомобилски производители во Кина.

Планот DFL TRIPLE ONE на Dongfeng Group и Nissan Motor предвидува воведување на 40 нови модели на пазарот, а главно тоа ќе бидат лесни автомобили и лесни товарни возила. Планот е да има трикратен пораст во реализацијата на марките Venucia и Infiniti, како и двократен на леснотоварните возила, пикап возилата и на СУВ моделите.

Исто така е планирано и лансирање на повеќе од 20 елетрични и електрифицирани модели, а првите шест од нив ќе бидат пуштени во продажба до крајот на оваа и во текот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK