Nissan го намалува бројот на вработени во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan објави дека ќе го намали бројот на вработени во европското седиште во Швајцарија.

Со цел намалување на трошоците како и излез од неповолната финансиска состојба, јапонскиот производител во седиштето во Рол ќе го намали бројот на вработени за 55 лица.

Од овие вработени 20 ќе бидат префрлени во регионалната канцеларија на Nissan во Париз додека преостанатите 38 места ќе бидат во целост укинати односно ќе бидат отпуштени работниците.

“Причината за ова е пошироката трансформација во Nissan Europe која има за цел да ја зголеми и оптимизира ефикасноста” стои во официјалното соопштение на Nissan.

Оперативните загуби на Nissan во последниот квартал годинава изнесуваат 22 милиони американски долари, а голем придонес за ваквата неповолна бројка има и падот од 12% на годишната продажба.