Моторите со 12 цилиндри заминуваат во историјата на Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz почнува процес за престанок на употребата на 12-цилиндрични мотори во својата понуда. Тој чекор е наложен од сè пожестоките стандардни за емисија на штетни гасови во Европа. Од компанијата велат дека инвестициите кои се неопходни за да се за да се донесат V12 моторите во согласност со новите еко норми се огромни и едноставно промените нема да можат да бидат направени.

Дури и понатаму да има клиенти кои бараат V12 мотори, тие стануваат сè помалку и заработката од нив е значително намалена. Шефот на Mercedes-AMG, Тобијас Мерс вели дека далеку подобро во моментов е да се инвестираат средства во V8 моторите, кои имаат иднина со оглед на тоа што заинтересираноста кон нив се зголемува.

Крајот на V12 моторите ќе биде причина за производителот да ги запре сериите 65, а тоа е веќе факт за G-Class AMG 65 вo Европа. Најверојатно истата судбина следи и за SL65, а V12 моторите ќе останат само за Maybach.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK