Mercedes под истрага во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Американските власти започнаа со истрата против Mercedes поради односот што овој производител го има спрема клиентите во неколкуте случaеви за отповикување на автомобилите.

Така, спроед информациите од истрагата, овој производител се обвинува за загрозување на безбедноста на сообраќајот со тоа што намерно го успорувале повлекувањето на возила и ненавремено ги известувале корисниците како и државните инстутции за истото.

Според NHTSA, постојат бројни случаи во кои сопствениците на возилата цел на повлекување, биле известени по истекот на законскиот рок од 60 денови. Првиот човек на NHTSA задолжен за истраги, Стефан Ридел, изјави дека производителот сокрил значајни информации за проблемот поради кој се повлекуваат автомобилите како и деталниот план на повлеквуање. Со ова тој прекршил неколку задолжителни точки со што индиректно ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а истовремено сето тоа остава простор за манипулација на клиентите.

Германскиот производител во официјално соопштение објави дека постојано вложуваат напори за да ги извршат обврските навременот, но и дека во целост ќе соработуваат со органите на NHTSA.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK