Македонците го сакаат Suzuki: Лани продажбата скокнала за 7 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонските автомобилски брендови секогаш добро котирале кај македонските купувачи, а во 2016 година продажбата на моделите на Suzuku на нашиот пазар скокнала за 7 отсто.
Иако во бројки тоа и не е многу, вкупно 149 возила сепак за македонскиот увозник за моделите на Suzuki, компанијата Миркат е важно што клиентите го препознаваат квалитетот и продолжуваат да му веруваат на Suzuki.

Лани најважен модел за Миркат беше новото Baleno кое се нудеше во три верзии на мотори, 1.2 бензин, 1.0 Boosterjet и 1.2 хибрид.

Најпродаван модел пак е Vitara која најде 65 нови сопственици.

Продажба на моделите од програмата на Suzuki во 2016 година
Celerio – 22
Ignis – 3
Swift – 13
Baleno – 34
S Cross – 11
Jimny – 1
Vitara – 65

Следете не и на:

24AUTO NETWORK