И во Македонија има sexy car wash (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На првата тунинг манифестација „Extreme Power City – Tuning Show No. 1 – Skopje“, за прв пат во Скопје и во Македонија посетителите имаа можност да видат и секси миење на возило.

Она што досега вообичаено го има на вакви собири, сега и организаторот Авто клубот Еxtreme Power City се погрижи да им го овозможи и на оние што што дојдоа на собирот, иако на моменти времето беше врнежливо.

Манифестацијата беше од изложбен карактер и покрај возила од Македонија, имаше и гости од Србија и Косово.

Музика, Ди-Џеј, атрактивни девојки од Србија со специјална изведба, стајлинг категории во кои учесниците ќе се натпреваруваат, a за прв пат кај нас, DB DRAG, односно категорија за натпревар за најсилно озвучување, на кое како судија ќе се истакне веќе докажан DB судија од Нови Сад. Натпреварувачите во категориите на Styling, со нивните автомобили се оценувани од страна на тројца судии, од кои на наша чест, двајца од соседна Србија и еден од Скопје.

Фото галерија:

Следете не и на:

24AUTO NETWORK