Декарбонизација на мотор

Сега и во Скопје: „Декарбонизација на мотор“ за помала потрошувачка и штетни гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Одржувањето на автомобилот не значи само редовно одење на сервис и промена на масло, филтер, свеќички, сијалички и други делови што се „потрошен материјал“. Повремено треба да се изврши и „генералка“ на целото возило, што вклучува и „освежување“ на моторот. Ова особено е важно во моменти кога ќе почувствувате дека моторот „не влече“, има доста црн дим при посилно притискање на педалот на гаста, чудна работа на моторот или уште подрастично – зголемена потрошувачка на горивото од она што е вообичаено.

А во моторот текот на негово експлоатирање доаѓа до создавање на гареж што сериозно влијае на перформансите на возилото. Методата што последниве четири години е доста популарна и докажано ефикасна е наречена „Декарбонизација на мотор“.
Истата е веќе достапна и во Македонија, слично како и во повеќе земји од Европа.
Повеќе детали за методата можете да најдете на
https://www.facebook.com/dekarbonizacijaskopje/

Методата на декарбонизација трае 30 минути

Со декарбонизација на моторот се подобруваат перформансите на моторот, односно ги враќа перформансите на приближно фабрички проектирани, а кои се намалени во периодот на експлоатација поради насобраниот талог- гареж на деловите од моторот. Има и подобро сагорување на горивото, односно намалуванје на штетните издувни гасови, не само што ја чува животната околина и ги намалува штетните ефекти од истите, придонесува драстично да се намали сервисниот интервал на деловите од издувниот систем, како што се ДПФ филтер, катализатор, турбина, ЕГР вентил, сензори,….А тоа директно и драстично ги намалува тршковите за одржување и замена.

Оваа метода е особено важна за намалување на штетните издувни гасови, особено кај постарите возила каде има и најголем степен на гареж во моторот. Редовно користење на оваа метода може да придонесе и за намалување на загадувањето, што е голем проблем во Македонија.
Методата се користи и кај патничките возила, камионите, автобусите и сите возила со мотори со внатрешно согорување, Истото се однесува и за оние возила што користа плин како погонско гориво.

Едноставно и лесно поврзување на машината со моторот

ШТО Е ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА МОТОР?
Постапката “Декарбонизација на мотор” претставува чистење на внатрешноста на моторот од наслаги на гареж, контролирана со вбризгување на поголема количина HHО гас (водород и кислород) преку усисната грана на моторот, за мотори со внатрешно согоруванје (СУС) кои како погонско гориво користат дизел, бензин, ТНГ или ЦНГ.
HHO гасот (водород и кислород гас) се добива со електрохемиска постапка на електролиза на дестилирана или деминерализирана вода. Целата технологија е спакувана во едан уред опремен со електроника која го следи целокупниот процес. Во зависност од зафатнината на моторот, точно е дефинирана количината на HHO гас која е потребна за квалитетен ефект на декарбонизација на моторот и делови на издувниот систем, во времетраење од 30 минути.

HHО гасот е смеса на водород (H) и кислород (О). Најважниот елемент во оваа смеса е водородот (H). Кога водородот (H2) ке навлезе во компресиониот простор на моторот, високата температура во моторот предизвикува молекулите на водород (H2) “да се разделат” на протони од водород (2H+). Активниот H+ реагира со јаглеродот, талогот и оксидните супстанци во моторот. Јаглеродот и талогот хемиски се трансформираат у јаглероводород (HC) во гасовита состојба и како резултат на притисокот преку издувниот систем на моторот се исфрлаат во атмосферата.

КОИ ДЕЛОВИ НА МОТОРОТ СЕ ЧИСТАТ?
Со овој револуционерен систем во времетраење од 30 мин се отстрануваат наслагите од вентилите, ѕидот на цилиндерот, челото на клипот, свеќици, дизни, карики,… и голем дел на елементи од издувниот систем, како што се ЕГР вентил, катализатор, ДПФ филтер, турбина (делот до издувната грана), ламбда сонда, NOx сензор, итн.

ЕФЕКТИ ОД ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА
* враќање на перформансите на моторот – поголема сила и вртежен момент на моторот
* помирна работа на моторот
* намалена потрошувачка на гориво
* драстично намалување на издувните гасови
* продолжен век на траење на моторните делови

Машината која го врши чистењето на моторот

Најдобри резултати во одржување на моторот и драстично намалување на трошоците околу неговото одржување, се добиваат со превенција, односно СО РЕДОВНА ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА, на секои поминати 15-25.000 км, во зависност од стилот, како и од условите на возење (градска -15.000 км, на отворено – 25.000 км, комбинирано -20.000 км) или еднаш годишно.

Повеќе информации на:
https://www.facebook.com/dekarbonizacijaskopje/