Сѐ за горивата и бензинските пумпи на Макпетрол со нова апликација – Верна ГО

ОБЈАВЕНО НА:

Која бензинска пума работи во текот на ноќта? Каде може да наточам метан во возилото? Колку е далеку најблиската станица и како да стигнам до нејзе? Ми треба компресор да ги напумпам гумите, а не знам каде има најблиску. На сите овие прашања одговор ќе ви даде новата мобилна апликација на Макпетрол наречена „Верна Го“.

Од ИТ секторот на компанијата изготвија апликација која може многу да ви биде од помош, а истата во иднина е најавено дека ќе се подобрива и збогатува со нови содржини. Иновациите и подобрувањата на работата се секогаш во преден план.

Покрај информации за бензинските станици и услугите на компанијата преку истата ќе може да се информираат корисниците и за сите промоции и програми што ги куди компанијата. Се очекува наскоро истата апликација да се поврзе и со програмата Верна преку која со собирање на бодови се учествува во наградна игра.

„Макпетрол АД, како и досега, преку вакви и слични проекти го подига нивото на услугата. „Верна GO“ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги. Оваа современа и корисна мобилна апликација овозможува потрошувачите да бидат подобро информирани, за да можат полесно да ги планираат своите патувања. Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, новости, како и информација за цените на горивата“. – Мишко изјави Тасевски раководителот на секторот маркетинг во Макпетрол.

„Верна GO“ апликацијата е достапна за сите корисници на платформите Android и iOS и официјално се download-ира преку сервисите GooglePlay и AppStore.
Истата функционира и off line, што значи дека нема дополнителен трошок при нејзиното користење, а јазиците кои се достапни се македонски, албански и англиски

Следете не и на:

24AUTO NETWORK