Прилепски тинејџер направи оф-роуд баги и со него си чисти снег (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На 19 годишниот Христијан Котески од прилепското село Боротино му с еисполни желбата сам да направи оф роуд возило. И не само што го направи, туку истото функционира и со него во моментов си чисти снег.

Христијан е автомеханичар по професија, а возилото кое го создал е вистинска реткост во неговотоопкружување, особено ако се има во предвид неговата возраст.

Возилото поседува мотор 1.6 и досега е испробано на различни оф роудн терени. Христијан својот автомобил го направил целосно сам, а тоа значи дека не се работи за преправка на некој претходен модел, туку целосно, дел по дел го конструирал и составувал.

Погледнете како изгледа возилото што го наравил Христијан. Засега нема име, но можно е наскоро да го крсти, бидејќи се целосно ново конструирано.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK