Почнува ски сезоната на Пелистер – еве ги цените

ОБЈАВЕНО НА:

Од утре (сабота) официјално започнува новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки”. Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки.

Скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе бидат ставени двете жичарници и ски – лифта во ски – центарот „Копанки”.
Работното време на Ски – центарот „Копанки” е од 9 до 15,30 часот

И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите.
* Сезонскиот билет е 4.000 денари,
* Дневен билет чини 300 денари,
* Тридневен 600 денари,
* Билет за едно возење со жичарница чини 100 денари,
* Тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика”и тридневен ски – билет е пo цена од 5.500 денари.
Новина од оваа година е можноста на користење на услугите на снеготапкач пo цена од 6.500 денари од час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK