Нови промени во законот: До возачка со 17 години и без одличен успех во учењето

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се усвојат измените на Предлог на законот за измени на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка тогаш во иднина наместо со сегашните 16 години, тинејџерите ќе мора да наполнат 17 за да можат да се стекнат со право за полагање. Притоа веќе нема да има потреба од одличен успех и примерено поведение.

Досега тинејџерите требаа да имаат писмена согласност од психолог и педагог на училиштето, а ако училиштето нема еден од нив, тогаш потврда од класниот раководител заверена на нотар. Да има завршено најмалку основно обрзование, согласнос од двајцата родители заверена на нотар, и да има 30 отсо повеќе часови при обуката од вообичаеното.

Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата беше донесе во 2015 години. Група пратеници веќе доставиле предлог до Собранието на РМ каде покрај оваа измени за стекнување право на оспосбување за управување со моторно возило од Б категорија, другите има и други членови за кои се бара измена.
Во членот 3 се бара менување на членот 304 став 1 и во однос на рокот на важење на возачката дозвола и се предла да се покачи старосната граница , односно на лицата над 70 години да им се издава возачка дозвола со важност од три години, а нека како до сега што беше уредено, за лицата постари од 65 години.

Измени има и за управување со трактор, па сега границата се бара да се покачи на 17 години наместо досегашните 16 години.

Прочитајте кои се измени се бараат во Законот
– bezbedbost_vo_soobrakajot predlog za izmeni

Следете не и на:

24AUTO NETWORK