Наскоро: Македонски Uber и плаќање со картички во такси

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо размислување на кој телефонски број да се јавите и да повикате такси, а не знаете ниту каде се наоѓате во моментот, а немате кеш туку само картички, во иднина повикувањето на такси ќе биде поедноставно и полесно.

Наскоро треба да почне да функционира новата такси апликација „24taxi“ кој ќе придонесе не само за побрзо повикување на такси туку и ќе можете возењето да го платите со картичка. Нема потреба од пуштање „змии“, ниту пак носење разни картички како потсетни за телефонските броеви на различни такси компаниите.

Сега една компанија ќе понуди нешто ново за македонскиот пазар. Станува збор за компанија која има лиценцирани возила. Патникот ќе треба да ја има инсталирано апликацијата што ја има на Google Play, да се најави и да ја користи. Засега истото ќе биде во функција само во Скопје.

Кога ќе ја вклучите апликацијата автоматски ја дава вашата моментна локација, а вие треба да ја ставите само локацијата каде што саката да одите. Системот потоа го контактира најблиското слободно возило, а вие добивате порака кое возило за колку време ќе пристигне на вашата локација.

И притоа ќе можете да платите и со картичка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK