Наскоро: И Македонците ќе може да ја дознаат вистинската километража на возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Многу брзо Македонците што ќе купат половно возило од странство ќе можат да ја дознаат вистинската измината километража на увезениот автомобилот ако во мај се прифати иницијативата на Европскиот парламент.

Комисијата за транспорт на Европскиот парламент изгласа извештај за спречување на манипулација со километрите на одометарот при увоз на половни возила, кој е составен од пратеникот Исмаил Ертуг, и член на германскиот СДП, стои во дневниот ред на Европскиот парламент.

Како што е наведено, како најсоодветно решение се чини дека е моделот што се користи од страна на Белгија, што подразбира контрола и запишување на километри на автомобилот на секоја посета на авто сервис и при поправка на гумите кај вулканизер.

“Ова е силен сигнал против манипулацијата со километрите на автомобилот. Се надевам дека Европскиот парламент ќе го поддржи овој предлог на пленарната сесија во мај”, напиша Ертуг на својот профил на Твитер.

Ова значи дека корисниците во Македонија, кои ќе изберат да купат користен автомобил од странство ќе бидат во можност да се јават во сервис во земјата на ЕУ, од каде е автомобилот и да ја проверува километражата пред истиот да дојде кај нас.

Во моментов многу од возилата што се увезуваат се со вратена километража, но нема докази дека истата е враќана освен да му се верува на продавачот. Најмногу се бараат дизелски мотори, а речиси сите се со над 100.- 120.000 изминати километри. Секако има голема разлика ако купувате возило со 100.000 или 300.000 километри. Од изминатите километри зависи и цената, која може да биде и двојно повисока.