Макпетрол и Верна пак наградуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Иако буџетот на наградната игра е намален во однос на лани кога истиот изнесуваше околу 100.000 евра, Макпетрол останува една од ретките компании што ги наградува своите клиенти.

Трета година по ред Макпетрол ја продожува својата наградна игра за лојалните корисници, а овојпат истата го носи насловот „Верна повторно наградува“. Планирано е наградната игра да трае до 10 декември и притоа наградниот фонд ќе биде околу 65.000 евра.

Наградната игра ќе биде поделена во 8 редовни кола, 4 мастер кола и едно финално мастер коло. Принципот за учество во наградната игра е едноставен и веќе познат. Се што треба да се направи е при полнење на гориво или купување на производи од дополнителниот асортиман на бензинските станици на Макпетрол да се прикаже Верна картичка и да се направи трансакција која ќе содржи 10 или повеќе поени и со тоа станувате еден од потенцијалните добитници на овогодинешната наградна игра.

Дел од наградите се: ваучери за Кристал Кар, 1000 Верна поени, Ваучери за Лубекс моторни масла, Ваучери за гуми, лаптопи Dell, како и викенди во хотелите на Макпетрол. Најсреќните ќе можат да уживаат во наградите од Мастер колата, а тоа се: два скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, прекрасната Honda Jazz, како Honda Civic, која ќе биде доделена во финалното Мастер коло

Во моментов во програмата на Верна има околу 130.000 членови, а лани беа направени над 500.000 трансакции кои учествуваа во наградната игра. Годинава се очекува пораст на уште нови 20-30 илјади членови.

За оние потрошувачи кои се уште не извадиле картичка Верна, тоа можат да го сторат со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од 10 поени да станат и дел од новата наградна игра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK