Макпетрол се подготвува за поставување полначи за електричните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Макпетрол се подготвува да постави полначи за електрични возила на своите пумпи, но претходно очекува да биде донесена соодветна регулатива. Македонскиот дистрибутер со горива сака да остане пионер и на ова поле, исто како што е и за многу други работи.

„Не само што размислуваме туку и делуваме како пионери, како што сме и во други области. Потребна е регулатива за да може и тоа да се реализира, на пример кој ќе ја плаќа струјата. Од еколошки аспект сакаме да бидеме пионери со вакви иницијативни. Ние први воведовме компресиран гас и биодизел. Ние имаме контакти со надворешни клиенти, но се уште не можеме да најавиме конкретни активности за воведување на вакви полначи, изјави Андреја Јосифовски, претседателот на борд на директори на Макпетрол.

Макпетрол има 127 бензински пумпи во Македонија, а на дел од нив и одморалишта каде сопствениците на електричните возила би можеле да почекаат додека нивното возило. Се чека донесување на регулатива која треба да реши многу прашања.
Во моментов полначи за електрични возила има само во неколки катни гаражи во Скопје, но тие засега не се користат, или многу малку. Претежно местата се зафатени со други возила кои воопшто не се електрични.

Полначи во моментов им асамо во неколку катни гаражи во Скопје

Дистрибутерот со горива се пофали со раст на продажбата на 31 остсо во малопродажниот сегмент, додека во големопродажбата имале селективен пристап. За првите седум месеци од годинава Макпетрол, успешно работи и годишно остварува добивка која лани изнесувала 377 милиони денари, а во првата половина од годинава изнесува 142 милиони денари.

Во Европа доаѓа тренд на сериозна електрификација на возниот парк со намалување, па и забрана за дизелските мотори, и воопшто на оние совнатрешно согоривање, а на сметка на електричните возила.