Kia Ceed ќе сочинува 30 отсто од продажбата на Kia во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

По промовирањето на новата генерација на Kia Ceed во Македонија од страна на увозникот на возилата од брендот Kia ги објави и плановите за следната 2019 година. Според одговорните луѓе од Киа Моторс Македонија следната година токму моделот Ceed ќе биде ударниот во нивната понуда. Наскоро во понудата ќе пристигне и караванската изведба, а потоа и моделот Pro Ceed.

Oд Киа Моторс Македонија особено се горди поради фактот што во државата овој корејски бренд има пазарен удел од 7,8 отсто, што е далеку над европскиот просек од околу 2 отсто. До крајот на годинава планирано е околу 50 модели на Ceed да бидат продадени, а во 2019 година овој модел да има дури 30 отсто во пазарниот дел на брендот во Македонија.

За постигнување на ова планирано е отварање на нови салони во Битола и Струмица, кои заедно со веќе постоечкиот во Охрид треба да овозможат брендот да биде поблиску до купувачите. Истовремено планирано е отварање на сервисен центар во Неготино за комплетирање на понудата и овозможување на поголема грижа кон клиентите.

од Киа Моторс Македонија најавуваат дека сакаат да ја вратат на сцена караванската изведба што наскоро ќе се нуди. Таа би требало да биде околу 800 евра поскапа од седаа верзијата. Пролетта 2019 треба да пристигне и моделот Pro Ceed.

Во моментов во понудата има два бензински и еден дизелски мотор, со две нивоа на опременост. Почетната понуда е моделот 1.4 MPI со 100 КС, чие ниво Vision има промотивна цена од 13.990 евра. Се нуди истиот мотор 1.4 MPI само со 140 КС, и послабиот 1.0 T-GDI со 120 КС.
Од дизелската понуда тука засега е само 1.6 CRDI со 136 КС.

Повеќе за моделите Ceed може да добиете во салонот во Скопје на ул. „Перо Наков“ или на нивната интернет сатрница www.kiamotors.com.mk

Следете не и на:

24AUTO NETWORK