Финалисти на изборот за 2017 година

Избрани финалистите за Автомобил на годината во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2018 во Македонија, Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето:

Suzuki Swift
Seat Ibiza
BMW X3
Ford Fiesta
Opel Insignia
Kia Stinger
Nissan Micra
Citroen C3 Aircross
Kia Stonic
Dacia Duster

Сите финалисти рамноправно конкурираат за наградата Автомобил на годината за 2018 година, а Националното жири же додели и награда за СУВ на годината. Доколку возилото од СУВ категоријата биде прогласено за Автомобил на годината тогаш нема да има награда за СУВ.

Победник ќе биде автомобилот што ќе освои најмногу гласови од членовите на жири. Еден глас, рамноправен со оној на членовите на жирито доаѓа и од финалистите. Оној автомобил што ќе добие најмногу гласови од финалистите, ќе добие еден глас при гласањето на членовите на жирито.

Според однапред утврдената динамика следуваат деталните запознавања со финалистите, а прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK