Исланд и Холандија со најскапо гориво, најевтино е во овие европски земји

ОБЈАВЕНО НА:

Последното зголемување на цената на горивата во Македонија и земјите од регионот ги изреволтира возачите и сопственици на возила. Веќе одамна бензините го поминаа т.н. психолошкиот праг од 1 евро по литар, а истото годинава се случи и со дизелот. Меѓутоа каква е цената на горивата во останатите земји од Европа и кој е соодносот со цената во Македонија?

Според последните податоци ажурирани на почетокот на овој месец, најскап бензин има во Исланд, Холандија и Норвешка. Во овие земји цената за еден литар бензин 95ка чини 1.83 односно 1.75 и 1.74 евра. Со оваа цена за литар, овие земји имаат убедливо најскап бензин. Во топ 5 земјите со најскап бензин се наоѓаат уште и Португалија каде цената за литар изнесува 1.68 евра и Грција каде еден литар бензин чини 1.65 евра.

Најевтин бензин има во Белорусија каде за еден литар ќе треба да платите 0.58 евра односно 35.67 денари. Малку поскап е бензинот во Азербејџан и Русија каде за еден литар ќе треба да платите 0.63 евра односно 38.74 денари. Споредбено со овие земји, во Македонија цената на 95ка изнесува 1.20 евра односно 73.5 денари. Со оваа цена, Македонија има поскап бензин од Босна и Херцеговиа, Турција, Бугарија, Андора, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Русија, Азербејџан и Белорусија и речиси идентична цена како и во Полска, Романија и Унгарија.

Image result for fuel station in russia

Во однос на цената на дизелот, најскапо повторно е во скандинавските земји и тоа Исланд, Норвешка и Шведска. Во Исланд цената на еден литар дизел чини 1.76 евра додека во Норвешка и Шведска цената изнесува 1.64 евра односно 1.55 евра. Во топ 5 земјите според највисока цена на дизелот се наоѓаат уште и Белгија и Италија.

Од друга страна, дизелот е наевтин во Азербејџан каде цената изнесува 0.30 евра или 18.45 денари. По Азербејџан, на втората позиција следи Белотрусија со 0.58 евра односно Русија со 0.61 евра. Под 1 евро за литар, дизелот се продава и во Ерменија, Грузија, Молдавија, Украина и Андора.

Во однос на цената на дизелот, Македонија се рангира на листата на земји со ниска цена за еден литар која во евра изнесува 1.06 евра, исто колку што и во Турција, и за малку пониска цена од Луксембург, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Image result for fuel price

Од ова може да се заклучи дека скандинавските земји имаат убедливо највисока цена на горивата додека најниска е онаа во земјите од Источна Европа пред се Русија, Белорусија и Азербејџан.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK