Имате возило постаро од 4 години – ова е сервисна акција наменета токму за вас!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога на некои автомобили ќе им измине фабричката гаранција нивните сопственици се мислат што да прават и дали сега менувањето на делови ќе ги чини повеќе. Ако имате Opel и истиот е постар од четири години тогаш кај овластениот сервисен центар на Аутомакедонија ќе можете да направите сервис по прифатливи цени.

За возилата од палетата на OPEL постари од 4 години, сервисниот центар на Аутомакедонија во соработка со добавувачот OPEL спроведува сервисна акција, со специјални попусти на деловите, како и комплетно бесплатна проверка на моменталната состојба на вашето возило.

Комплетниот ценовник за компоненти од програмата “4+” можете да го превземете тука.

Бесплатната проверка вклучува проверка на функционалноста и состојбата на:
* Системот за сопирање, плочките и дисковите,
* Пневматиците,
* Системот за управување,
* Нивоата на сите течности,
* Светлосната сигнализација,
* Подвозјето и суспензијата

Подобро на време да ги средите сите недостатоци и да користите оригинални делови. За вашата безбедност се работи и за долготрајноста на автомобилот.
Колку повеќе му посветите внимание толку подолго ќе ве служи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK