Летово пристигнува Mercedes GLB

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes останува да го следи трендот на популаризација на SUV возилата, а со самото тоа и да ја збогати SUV понудата. Како што открива популарниот германски магазин за автомобили, AutoBild, германскиот производител работи на нова т.н. GLB класа.

Доаѓањето на овој SUV е закажано за претстојното лето. Во понудата овој модел најпрво ќе дојде возило со пет седишта, а година подоцна се очекува и верзија со седум седишта.

Она што е познато во моментов е дека GLB ќе се темели на MFA2 платформата која меѓудругото ја користи и моделот GLA. Екстериерно не се очекува ништо спектакуларно. Новиот дизајнерски “јазик” на дизајнерите од Штутгарт ќе биде применуван и кај овој модел, па така за очекување се многу идентични детали како и кај новите генерации на A и B класата.

Истото се очекува и во ентериерот каде ќе доминира новиот MBUX инфотејнмент каде централно место ќе заземе 10.25 инчната дигитална табла. Секако, во поглед на опремата, тука се интегрирани и последните безбедносни системи како што се Active Distance Assist, Active Lane Change Assist и Active Emergency Stop Assist.

Инаку претходно Mercedes го потврди доаѓањето на GLG класата која ќе се позиционира помеѓу GLA и GLC, а целен пазар и на овој SUV ќе биде кинескиот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK