Lamborghini ќе лансира нов модел дури по 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Фановите на Lamborghini добија разочарувачка вест – нема нов модел пред 2025 година. Ова го соопшти првиот човек на италијанскиот бренд Стефано Доменикали кој кажа дека овој производител нема да лансира нов автомобил пред 2025 година.

“Што се однесува до финансиската сигурност, Urus промени многу работи, па оттука не ни се потребни нови автомобили” изјави Доменикали.

Токму Urus беше моделот кој ја зголеми за повеќекратно продажбата на италијанскиот производител, а првата половина од годината е најуспешна за овој бренд кој егзистира во рамките на Volkswagen групацијата.

Во моментов, Lamborghini во своите салони нуди само три модели и тоа Urus, Aventador и Huracan, a покрај основните изведби има и неколку дополнителни кои до некаде ја збогатуваат понудата која е далеку по скромна во однос на нивниот конкурент Ferrari.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK