Кои три компании продадоа над 10 милиони возила во 2017 година (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Битката за првото место меѓу компаниите според продажбата на автомобили во текот на една година во 2017 година беше посериозна од кога било претходно. Според она што беше приложено од страна на агенцијата за статистика Focus2Move компаниите VW Group, Toyota Motor и Renault-Nissan се трите најдобри и тоа со мала разлика.

Разликата е само во неколку илјади автомобили, а сите имаат продадено над 10 милиони автомобили низ светот.

Според порадоците од Focus2Move изминатата година VW Group има пораст од 3,9 проценти во однос на 2016 година, а продадени точно 10.413.355 возила. Второто место е за Toyota koja prodade 10.163.491 автомобил, што е за 1,7 проценти повеќе од 2016 година, додека Renault-Nissan-Mitsubishi  кој направи пораст од 6,3 проценти и продаде 10.117.402 возила.

Во топ 10 за 2017 година се најдоа и Hyundai-Kia со 7.280.054 продадени возила, GM со 6.875.098, Ford со 6.254.133, Honda со 5.359.195, FCA со 4.863.291, PSA со 4.161.389 и Suzuki со 3.148.930 возила.

Најголемиот пораст во споредба меѓу 2016 и 2017 година го има направено Geely Group од 35,9 проценти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK