Kia повлекува половина милион автомобили од САД

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител на автомобили Kia е пред голем предизвик. Имено, во наредниот период од пазарот на САД ќе треба да повлече точно 507.000 автомобили поради недоволно квалитетни воздушни перничиња.

Како што пренесува порталот Engadged, поради оваа причина ќе се повлечат моделот Forte произведен во периодот од 2010 до 2013 година, Optima, произведен помеѓу 2011 и 2013 година, Optima Hybrid произведен помеѓу 2011 и 2012 година како и моделот Sedona.

Како што соопштуваат од Kia, тие интензивно работат на планот за замена на воздушните перничиња, а во истиот вклучен е и добавувачот од каде уверуваат дека целосното решение ќе биде имплементирано до крајот на јули.

Инаку претходно, американсата Агенција за Безбедност во Сообраќајот, покрена истрага откако кај неколку возила од брендовите на Hyundai и Kia при судар не се активирале воздушните перничиња поради што индиректно починале четири патници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK