Johnson Controls ја напушта автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, американската мултинационална компанија Johnson Controls објави дека ќе ја напушти автомобилската индустрија.

По 135 година откако Ворен Џонсон го патентираше првиот електричен термостат, оваа компанија во целост ќе се посвети на она што некогаш беше примарен фокус, а тоа е фокусот на електриката создавајќи при тоа климатски контролни системи за згради.

Оваа компанија за прв пат влезе во автомобилската индустрија во 1978 година кога ја откупи компанијата Globe-Union која произведуваше батерии. Неколку години подоцна производителот ги купи компаниите Hoover Universal и Ferro Manufacturing кои се занимаваа со производство на каиши.

Во 2011 година ANE ја смести оваа компаниајта на седмата позиција на листата на најголеми 100 добавувачи во автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK