Jaguar Land Rover отпушта 4.500 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Брегзит и падот на продажбата на кинескиот пазар ги зема првите жртви. Британскиот мултинационален производител Jaguar Land Rover (JLR) донесе одлука за отпуштање на 4.500 вработени.

Ова во официјално соопштение е потврдено од страна на компанијата во кое е наведено дека овие работни позиции ќе бидат скратени во неколку фабрики ширум Велика Британија.

Оваа бројка од 4.500 вработени претставува 10 отсто од вкупниот број на вработени во фабриките на JLR ширум Велика Британија. Овој бран на отпуштање следи откако минатата година производителот отпушти 1.200 вработени.

Со овој потег производителот цели кон намалување на трошоците особно по значајните загуби од речиси половина милијарди долари кои беа забележани кон средината на минатата година. Со цел да ги намали трошоците, но и да ги надмине ефектите од напуштањето на Велика Британија од Европската Унија, JLR отвори и целосно нова фабрика во Словачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK