И официјално: Porsche нема да произведува повеќе дизели

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, Porsche е првиот германски прозиводител кој во целост ќе прекине со производството на дизел автомобили. Оваа вест официјално ја потврдија од страна на Porsche.

“За Porsche кој е познат како производител на спортски автомобили, моторите на дизелски погон секогаш играле споредна улога и токму затоа се одлучивме во иднина повеќе да не произведуваме автомобили со таков погон” стоеше во соопштението објавено од раководството на германскиот производител.

Компанијата која е дел од големата Volkswagen Групација во иднина ќе се насочи на моќните бензински мотори како и автомобили на хибриден и целосно електричен погон. Ова го потврди и Оливер Блум, претседателот на Porsche за германските медиуми кој додаде и дека скандалот поврзан со дизел моторите предизвика големи проблеми за овој производител.

Porsche е еден од првите европски производители кои се решија на ваков потег. Претходно сите јапонски производители вклучувајќи ги Nissan, Toyota и Honda објавија дека повеќе нема да произведуваат автомобили со дизел мотори.