Голема побарувачка: Запрено производството на Peugeot 308 поради недостаток на менувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot го запре производството на моделот 308, а причината повеќе од банална – немање на менувачи на залиха.

Од фабриката на францускиот производител во Сошо (Франција) деновиве од магацинот за материјали се потроши и последната залиха на менувачи поради што францускиот производител се реши да го стопира во целост производството на овој хечбек модел.

“Бевме принудени да го стопираме производството на линијата на која се монтира Peugeot 308. Немаме претстава кога ќе бидеме во состојба за поново да продолжиме со работа на оваа линија” изјавија од PR секторот на Peugeot.

Како причина за доведувањето до оваа ситуација се наведува зголемената побарувачката за овој модел како и масовните летни одмори кај добавувачот на овие компоненти на францускиот производител. Производството ќе продолжи во оној момент кога до фабриката во Сошо ќе бидат испорачани новите количини на менувачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK