Ford почна со гасење на Mondeo?

ОБЈАВЕНО НА:

Гигантот од САД, Ford одлучи да се откаже од редизајнирање на моделот Mondeo односно од неговиот северноамерикански „брат“ планиран за во 2020 година. Оваа вест е актуелна веќе неколку недели, а стана особено интересна откако се појави информација дека Ford би можел целосно да го „изгаси“ овој модел. Сепак, истиот би можел да опстане само на пазарот во Кина.

Со оглед на тоа што истата работа веќе се случи со Taurus, кој преживеа само во Кина, се очекува истото да се случи и со Mondeo.

Во декември минатата година се појави информација дека Ford планира да го пресели производството на Fusion моделот во Кина, што од компанијата ниту беше потврдено ниту демантирано.

За време на целата 2017 година, Ford продаде пристојни 17.500 возила од Fusion моделот и тоа во просек по месец, но забележа пад од околу 22 проценти во однос на 2016 година, која исто така имаше пад во однос на претходната од 11 проценти.

Ford Mondeo/Fusion постои од 1992 година, а е креиран за да биде меѓународен автомобил. Досега излегоа пет генерации од овој модел. Последната беше во 2014 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK