Ford и Mahindra ќе бидат партнери

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford и индијскиот гигант Mahindra постигнаа договор околу воспоставување на партнерство кое опфаќа соработка на полето на моторите и системите за поврзување на автомобилите.

Според договорот, Ford до 2020 година во своите возила ќе користи бензински мотори развиени од страна на Mahindra. Во меѓувреме двете компании заедно ќе работат на развој на систем за далечински пренос на податоци помеѓу контролните единици на автомобилите. Овој систем ќе овозможи контрола на следењето на возилата, а ќе може да биде интегриран во GPS систем преку WiFi и LTE технологијата.

Соработката помеѓу овие два производители започна уште во септември минатата година, а дополнително се интензивира во март оваа година. Заедно овие производители работеа и работат на развој на неколку автомобили од компактната класа, наменети пред се за пазарот во Индија, а тимови на двата производители работат и на развојот на електрични автомобили.

Оваа соработка доаѓа откако во јавноста се појави информација за можното спојување на Volkswagen Групацијата со Ford Motors што е потенцијалн најголемото спојување во автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK