Ford им донесе милиони на сметките на директорите

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на Ford, Џим Хакет може да се пофали дека 2017 година била одлична за него со оглед на тоа што на неговата лична сметка во банката легнале дури 16,73 милиони долари. Од оваа сума дури 14,4 милиони долари се од различни бонуси од акциите коишто ги има во компанијата. Добар дел го добил и во однос на квалитетот, продажбата и заработката на Ford. Еден милион долари се легнати на сметката како бонус за назначувањето како директор на компанијата во мај минатата година.

Уште поизненадувачки е фактот што сега веќе поранешниот директор на Ford, Марк Филдс, може да се пофали со дури и поголем приход. Иако цела година е без официјална функција, тој има добиено дури 21 милион долари, а тоа е веројатно поради разни обесштетувања.

Други водечки фигури во компанијата исто така имале доста добра година. Бил Форд, кој е веднаш под Хакет во хиерархијата заработил 15,63 милиони, а претседателот за глобална дејност Џон Хинрич добил 12,12 милиони долари што е двојно повече од заработката во 2016 година.