Ford го враќа моделот Puma во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Ford објави дека ќе претстави SUV изведба од новата Fiesta. Сега, речиси една година подоцна американскиот прозиводител планира истиот тој SUV да го именува како Puma.

Новиот кросовер ќе биде долг 408 цм, а ќе биде понуден со истите мотори како и актуелниот модел Fiesta, па така во ценатрот на вниманието ќе биде 1.0 литарскиот EcoBoost мотор со верзии од 85 до 140 КС.

Називот Puma кој најверојатно ќе биде искористен за овој нов модел, како модел во понудата на Ford во Европа беше дел во периодот од 1997 до 2002 година. Сепак за разлика од сегашните најави, тогаш овој назив беше резервиран за компактно купе кое и не доживеа некој особен успех.

Новата Puma се очекува да пристигне следната есен како конкурент на Volkswagen T-Cross, а почетната цена треба да биде нешто помалку од 20 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK