FIAT со тизер видео го најавува новиот SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител FIAT поточно јужноамериканската дивизија објави тизер видео со кое го најавува новиот SUV во понудата.

Иако нема многу информации односно во моментов се е на ниво на шпекулација, она што е сигурно е дека премиерата на овој модел ќе се случи на најголемиот јужноамерикански саем во Сао Паоло.

Од видеото може да се утврди дека овој SUV ќе се темели на истата платформа како и пикапот Fiat Toro, а во поглед на димензиите тој ќе биде најголем во понудата на FIAT односно ќе се позиционира над 500X кој во моментов е единствениот SUV во понудата.

Останува нејасно дали овој нов модел ќе биде понуден во Европа со оглед на тоа што е целосно развиен во Бразил каде се продаваат и уште неколку фијатови модели кои во Европа односно регионот ЕМЕА не се во понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK