Европските купувачи го тужат VW и бараат обештетувања исти како и во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Слично на американските сопственици на возила на Volkswagen кои добија обештетувања, и европските сопственици на спорните возила со забранет софтвер се организираат и ќе бараат ист начин на исплата на штета.

Volkswagen го чека нов судски процес во Германија што може да отвори пат кон нови трошоци за компанијата по аферата „Дизелгејт“.
Тужбата е поднесена од организацијата за заштита на правата на потрошувачите „МоиПрава“ кои веќе отвориле и веб сајт каде сопствениците на VW возила може да се пријават и да бараат компензација од компанијата.

Според агенциските извештаи, повеќе од 100.000 сопственици на возила во Европа ја потпишале петицијата, а американската адвокатска компанија Хаусфелд ќе ги застапува на судот.

Поради различни закони во Европа, VW не беше принуден да плаќа отштета за сопствениците, како што тоа беше случај во САД. Туку требаше само да го замени легалниот софтвер што им овозможувал на возилата да мамат при контрола на емисијата на штетни гасови.

Организацијата за заштита на правата на потрошувачите го обвинува VW за кршење на Европските закони со продавање на возила со забранет софтвер и сака да го принуди производителот да го откупи назад сите возила по продажната цена. Околу 8,5 млиони возила во Европа се инволвирани во скандалот, во споредба со 500.000 во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK