Епилог од скандалот: FCA ќе мора да плати 700 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) ќе плати над 700 милиони американски долари по разни основи. Ова е епилогот од скандалот поврзан со софтверот кој продуцирал лажни податоци околу емисијата на штетни гасови, пренесува Ројтерс.

FCA ќе плати 311 милиони долари на основа на пенали на правниот департман на САД, 75 милиони долари на сметката за истражување на случајот како и 280 милиони долари на сопствениците на име на трошоци.

Скандалот поврзан со FCA се појави веднаш по големата афера “Дизелгејт” во која главната улога ја имаше Volkswagen Групацијата. Иако по откривањето на скандалот FCA најпрво ги негираше обвинувањата, сепак на крајот ја прифати вината и се одлучи да се спогоди со истражните органи.

Покрај FCA за овој скандал казна од 30 милиони долари доби и Robert Bosch. Германскиот производител оваа казна ја доби поради тоа што произведувал дел од деловите кои FCA ги користи при производството на дизелските агрегати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK