Електричниот Chery Exeed TX пристигнува во Европа по 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпознатите кинески авто брендови Chery ќе започне со напад на Европа не порано од 2020 година, пренесуваат кинеските медиуми.

Според најавите на директорот на компаниајта во чија сопственост е овој бренд, Германија ќе биде првата земја во Европа во која ќе се продава моделот Exeed TX развиен на хибриден, plug-in хибриден и целосно електричен погон.

За таа цел Chery веќе работи на градење на развојниот центар во близина на Франкфурт од каде меѓу другото ќе се менаџираат бизнис активностите за Германија и останатите земји од Европа.

Exeed TX своето деби го имаше на саемот за автомобили во Франкфурт минатата година кога беше објавено дека plug-in хибридната изведба ќе располага со батерија со капацитет од 12 kWh која на лектричен погон ќе овозможи домет од 69 километри.

Не само Exeed TX, од кинеската компанија најавија дека сите свои модели ќе бидат достапни на пазарите во Европа по 2020 година, а амбициите се Chery да стане најпродаваниот кинекси бренд на “Стариот континент”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK