Експеримент во Австрија: На потегот Виена-Салцбург ќе „шишкаат“ со 140 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Додека Франција ја ограничи брзината на патиштата со две ленти на 80 км/ч во Австрија почна експеримент кој е сосема спротивен. Австријците одлучија да ја зголемат брзината на автобаните од 130 на 140 км/ч. Овој експеримент засега е во тек на патот меѓу Виена и Салцбург.

Оние кои се залагаат за зголемувањето на брзината најавуваат и подобрена патна инфраструктура и заштеда за време на движењето. Противниците на ова тврдат дека на практика заштедате на време е едвај неколку минути. Покрај тоа еколозите сметаат дека тоа ќе влијае на природата и на безбедноста на патот.

Според австрискиот автомобилски клуб смртноста на автомагистралите не е поврзана со брзината. Таа е еднаква во Австрија и во Германија, земји во кои нема ограничување на лесните автомобили на пола од мрежите со автобани.

Препорака е сепак ако се најдете на овој автопат да се придржувате на поставената сообраќајна сигнализација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK