Чешкиот „golf“ ќе се вика ..

ОБЈАВЕНО НА:

Чешкиот производител и официјално потврди дека наследникот на Skoda Rapid ќе дојде следната година и ќе го носи називот Scala. Овој назив кој на ова поднебје е поврзан со легендарното Yugo Skala од следната година ќе го краси најновиот модел Skoda.

Овој долгоочекуван модел веќе подолго време беше најавуван, а на саемот во Париз кој заврши пред неколку денови беше претставен концептот Vision RS кој ќе го замени продукцискиот модел на Rapid.

Иако нема многу информации за техничките карактеристики, достапните се поврзани со концептот Vision RS. Така новата Scala  се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X. Должината се очекува да изнесува 4.356 мм, висината 1.431 мм, додека ширината 1.810 мм. Со меѓуоскино растојание од 2.650 мм, во поглед на пространоста таа е на ниво како и кај останатите конкуренти, а со багажен простор од 430 литри обезбедува за 15 литри повеќе отколку кај Rapid Spaceback.

Со овој модел, Skoda ќе донесе свежина во C сегментот каде во моментов се наоѓаат VW Golf, Opel Astra, Ford Focus, Seat Leon, Renault Megane, Peugeot 308, Toyota Corolla, а амбициите на Volkswagen Групацијата се дека заедно со новиот VW Golf како и Seat Leon ќе успеат следната календарска година да ги освојат првите три места според бројот на продадени автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK